Патронажната служба со редовни посети на хронично болните струмичани

58

Тимови на патронажни сестри на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Струмица почнаа со редовни посети на хронично болните кои се лекуваат во домашни услови. Според одговорната сестра, Евдокија Митрева, посетите ќе се реализираат со новото возило кое неодамна беше донирано од страна на организацијата „Сано“ и министерот за здравство, Венко Филипче.

– Ги посетуваме хронично болните во нивните домови и при тоа им го мериме крвниот притисок и нивото на шеќерот. Исто така, проверуваме дали ја земаат пропишаната терапија – рече Митрева.

Патронажната служба ќе ги посетува болните и во градот и во населените места.