Полицијата уапси 12 лица на протестите на „жолтите елеци“ во Париз

65

Најмалку 12 лица се уапсени денеска во Париз за време на протестите на движењето „жолти елеци“, кои се одржуваат десетти викенд по ред.

Демонстрантите биле притворени бидејќи кај нив се пронајдени забранети предмети, кои можеле да се употребат како оружје. Но и покрај апсењата, полицијата соопшти дека атмосферата на денешните собири била мирна.

Денешниот марш на „жолтите елеци“ почна од пред парискиот Дом на инвалиди, каде се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта, во чест на стотиците повредени припадници на движењето.

Во францускиот главен град беа распоредени околу 5.000 полицајци, посебно околу зградата на Владата и на Елисејските полиња, каде се наоѓа седиштето на францускиот претседател. Илјадници полицајци беа распоредени и во другите француски градови каде се најавени протести.