Граѓаните имаат право врз основа на општ член, кој е содржан во законот, да пратат иницијатива до Државната комисија за спречување на корупцијата и доколку таа иницијатива е основана, Државната комисија за спречување на корупцијата по службена должност поведува постапка за контрола на финансирање на политичките партии“, појасни министерката за правда, Рената Дескоска во врска со новиот закон за спречување корупција.
Кандидатите за антикорупционери во новиот состав на Комисијата за антикорупција за да бидат ангажирани прво ќе треба да дадат „интервју за вработување“ што ќе се пренесува во живо на Собранискиот канал на МРТ, согласно новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Откако Собранието ќе распише оглас кој ќе трае десет дена, Комисијата за избори и именувања ќе ги разгледа кандидатурите заедно со комисија за селекција, во која има по еден претставник на народниот правобранител, на граѓанските организации и на медиумите, како и по двајца пратеници од власта и од опозицијата.
Новата антикорупциска ќе има право на директен увид во сметките на носителите на јавни функции, односно за нив нема да важи принципот на банкарска тајна. Дополнително на тоа, ДКСК ќе има и директен пристап во најмалку 64 бази на податоци, при што ќе можат да прават и вкрстени проверки на имотната состојба.
Дескоска како клучна придобивка ја потенцираше контролата на финансирањето на политичките партии, која е пред се превентивна, а ќе се врши врз основа на годишен план, но и по поднесена пријава од други државни органи, политички партии или граѓански организации, и по службена должност.
– Во делот на финансирањето на изборните кампањи, внесени се можности секој организатор на изборна кампања, но и набљудувач, да даде приговор на финансирањето на изборните кампања, но уште поважно, внесени се рокови во кои ДКСК мора да постапи. Не смее да ни се повтори праксата претставките да завршуваат во фиоките во ДКСК и да се чека да завршат изборите па некогаш да се сработат, истакна министерката.
Пратениците со 81 глас „ЗА“ по скратена постапка во четвртокот го донесоа новиот закон за антикорупциската комисија за кој беше потребно двотретинско мнозинство.
Оној што ќе биде избран за претседател на Антикорупциска ќе треба да има најмалку
десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и во изминатите десет години да не бил пратеник во Собрание, член на Владата, донатор на политичка партија или да не вршел функција во органи на политичка партија.
Новиот антикорупционер ќе ја добие новата функција, само ако во последните десет години не бил пратеник, член во Владата, но не смее да биде и донатор на партија или да не вршел функција во органи на политичка партија.