Играчите на Манчестер јунајтед сакаат сегашниот менаџер, Оле Гунар Солскер, да остане на “Олд Трафорд” и следната сезона. Пред доаѓањето во Јунајтед, Солскер работеше во Молде, а според договорот со норвешкиот клуб, по крајот на тековната сезона, тој треба да се врати во татковината.
Фудбалерите на Јунајтед сметаат дека 45-годишниот тренер донесе свежина во тимот и играта е значителното подобрена. Под негово водство, Манчестер забележа шест победи по ред. Моментално, тимот од „Олд Трафорд“ е на шестото место на табелата во Премиер лигата.