Зачестени кражби на струја од системот за улично осветлување има во општина Ѓорче Петров.
Оттаму апелираат до дивите приклучувачи да не го прават тоа бидејќи им настануваат дефекти на мрежата и цели линии на светилки престануваат да светат, сторителите можат да бидат казнети до 5 години затвор, како и парични казни од 5.000 до 20.000 евра.