ВО ПРЕСРЕТ НА ЈУБИЛЕЈОТ НА ТАНЦ ФЕСТ: Рисимкин и Интерарт во фокусот на American Dance Abroad

94

Во пресрет на очекуваното јубилејно издание на фестивалот 15 години Танц Фест, Националната американска асоцијација за танц American Dance Abroad фокусот во јануари 2019 го посвети на работата на Рисима Рисимкин и културниот центар Интерарт во Македонија.

Оваа иницијатива доаѓа по големиот успех кој минатата година го постигна Скопје танцовиот театар со гостувањето на еден од најстарите фестивали за танц во Њујорк, 37-то издание на Battery Dance Festival, на кој имаше два настапа – со кореографијата „Истиот извор“ на Матеа Киселичка на отворена сцена на фестивалот и со „Котел“ на Рисима Рисимкин на свеченото затворање на фестивалот.

Инаку, заслугата на Рисимкин и културниот центар Интерарт се однесуваат на развојот на современата танцова сцена во Македонија.