Притворени двајца тенисери заради местење натпревари

40
Illustration - ball

Двајца француски тенисери се притворени, како дел од истрагата околу сомневањата за местење натпревари.  Според спортскиот весник „Л’Екип“, станува збор за  двајца млади француски тенисери, Жул Окала и Мик Лескур, кои играат на турнирите на иднината (3-та лига на тениските турнири) и на турнирите Предизвикувачи (2-ра лига). Тие се уапсени и ставени во притвор вчера, пред турнирот во Бресуир.

Жул Оката, (21), рангиран на 381. место  во 2016 година) и Мик Лескур, (25), рангиран на 487. место во 2018 година, се уапсени во нивниот хотел неколку часа пред почетокот на турнирот во Брессуир и се осомничени дека добиле пари во замена за загубата на еден сет со точен резултат на професионални турнири помеѓу 2015 и пролетта 2018 година во Франција и во странство. Предложената сума изнесува околу 3.000 евра за натпревар каде добивката за победникот во синглови не надминува 2.000 евра.