Какво будење ќе имаме со Јулија: Од Париз во Скопје ?!

185

Откако се врати од Париз во кој беше десетина дена пред Новогодишните празници, а сепак го фати целиот новогодишен лумперај во градот на Сена, тв-новинарката Јулија, поприлично разубавена и физички, но и во душата, продолжува пак со својата авторска емисија на ТВ Сонце “Будење со Јулија”. И во оваа сезона како што најавува оваа наша позната новинарка (една од ретко дипломираните новинарки во оваа професија во Македонија), а воедно e и пејачка, ќе има доста изненадувања кои ги приредуваат нејзините специјално одбраните гости. Тие зборуваат заедно со Јулија, но и со гледачите, за разновидни појави и работи од нашиот духовен живот кој е единственото нешто вредно што нема рок на траење, за разлика од она материјалното кое се врзува со парите. Но, парите не се нешто најважно, поважно од парите е среќата за која Јулија еве што вели:

– Има многу начини да бидеме среќни, но и другите да ги правиме да бидат среќни. Доколку не можеме да и се радуваме на туѓата среќа тогаш нашата среќа е далеку од нас. Мораме да знаеме да уживаме во радост и среќата на другите, да се погрижиме за тоа…кажува Јулија, а ние велиме дека гледачите знаат зошто токму среќата ја најдоа гледајќи ја нејзината интересна тв-емисија.
Д.М.