Ѕвездата на Шарлот, Кемба Вокер, за „ЕСПН“ откри дека од ден на ден постојано му велат дека по многу нешта наликува на легендарниот НБА кошаркар – Мајкл Џордан. Тој додаде дека Џордан кој е сопственик на Шарлот, му велел дека го поседува најдобриот дриблинг кој е допадлив за око.
- Не сакам да кажам дека неговите приказни се нереални, но убаво е чувството кога го слушате тоа од најдобриот. Веќе осум сезони играм за него и секој пат не можам да поверувам дека тој и понатаму е дел од кошарката. Ги слушам неговите приказни, а приказните од најдобриот се најверодостојни. Сакам да бидам секогаш со него во тимот, да ми помогне околу моите остварувања, да ми дава совети, истакна Вокер.
Тој додаде кој е најдобриот совет кој го добил од легендарниот кошаркар.
- Ми вели да бидам тоа што сум. Постојано зборуваме за мојата кариера, а тоа особено го правевме во развојната фаза. Се обидував да не му згазнам за нервите, постојано да работам и да напредувам, а тој ме тргна настрана и ми рече – те драфтував со причина, биди свој, имам верба во тебе. Тоа и се обидувам да го направам, додаде Вокер.
Вокер е познат како одличен дриблер, заедно со Кари Ирвинг, Стеф Кари, Крис Пол, Џемал Кродорд и Џејмс Харден.
Резултати: ЛА Клиперс – Детроит 104:109, Мајами – Мемфис 112:108, Орландо – Бостон 105:103, Минесота – Њу Орлеанс 110:106, Оклахома – Сан Антонио 122:112, Феникс – Денвер 102:93, Сакраменто – Шарлот 104:97, Јута – Чикаго 110:102.