Чешката тенисерка Петра Квитова одлично го најави првиот грен слем во Австралија. Таа победи во финалето на турнирот во Сиднеј против Ашли Барти (1:6, 7:5, 7:6/3), иако имаше негатива од 0:3 во одлучувачкиот сет.
Англичанката отвори одлично и за само 25 минути поведе против фаворизираната противничка. Високите температури како да и правеа проблеми на Квитова која беше непрепознатлива на теренот. Но и покрај тоа, таа се врати и го доби вториот сет со 7:5.
Почетокот на третиот сет најави победа на Барти, која поведе со 0:3. Сепак, искусната тенисерка од Чешка возврати и се избори за тај-брејк, каде ја искористи првата меч топка за да ја завери победата.
Подготовките за првиот голем сезонски предизвик завршија, па тенисерите и тенисерките сега ќе се насочат кон натпреварите во Мелбурн.