Нови јакни, кабаници за дожд и носачи за бебиња од општина Центар за социјално загрозените семејства

156

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, заедно со вработените во општинската администрација на семејства со висок социјален ризик, денеска и вчера им подели 230 нови зимски јакни и 70 носачи за бебиња, што ќе ги затоплат во студените зимски денови, а се донација од УСАИД, информираат од Општината.

Оттаму соопштуваат дека лицата од службите кои ја одржуваат хигиената и ги расчистуваат улиците од снежните наноси во општината, добиле 100 нови кабаници (наметки за дожд) за полесно справување со врнежите на дожд и снег.

Во рамки на општината веќе функционира проектот „Нула глад“ со невладината организација Банка за храна – Македонија, но и двата адаптирани простори во соработка со јавното претпријатие „ПОЦ“ во катната гаража „Судска палата“, каде се згрижуваат бездомници, се наведува во соопштението од Општината.