Можност за сезонска работа на еден од најубавите острови на Јадранот

70

Јадранка група од Лошињ вработува сезонски работници. Станува збор за Јадранка група, едно од водечките хотелско-трговски друштва во Хрватска, која веќе 70 години успешно работи со хотелиерство, капминг и трговски активности на островите Цреша и Лошињ.

Во група работат околу 800 постојани вработени, додека пак за време на туристичката сезона вкупниот број на вработени достигнува и до 1600 особи, распоредени во фирми ќерки: Јадранка хотели, Јадранка кампови, Камп Слатина и Јадранка трговија.

Јадранка група на сите нивоа се грижи за своите вработени и, покрај договорените услови за работа (кои вклучуваат дополнителни плати за работа во недела, празници, двократно работење и други права загарантирани со колективен договор), обезбедува сместување и исхрана без да ги намали платите. Трошоците за санитарни прегледи и превоз до местото на живеење по истекот на договорот за вработување се рефундираат. Јадранка група посебно внимание посветува на создавање на иновативно и стимулирачко опкружување, овозможува стекнување на искуство во професијата со искусни и стручни ментори, вклучување во програмата за надградување и понатамошно напредување во кариерата.

Со одлука на Владата можност за работа во Хрватска имаат и земјите коишто не се членки на ЕУ, па така и во Јадранка група од Лошињ, на работните места: кувар (м/ж), келнер (м/ж), помошник кувар (м/ж), помошник келнер (м/ж), чистач (м/ж) и собар (м/ж).