Во последното интервју кое го даде за порталот “Фудбал Италија”, легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, откри неколку непознати детали за својот приватен живот. Голманот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри што мисли за наркотичните супстанци и за допингот во спортскиот свет.
- Кога бев дете, имав чувство дека никој не може да ме уништи. Работев што сакав, а бев луд и кога имав 20 години. Направив многу глупи работи, но не користев дрога или допинг… Со 17 години ги одбив сите понуди иако на моите усни беа ставени неколку пилули. Најдалеку отидов кога во една ситуација пробав марихуана. Земав само неколку дима. Тогаш бев дете. Добро се сеќавам на облакот која го направија навивачите, но тој дим не беше од некаков огномет или од некакви пиротехнички средства. Тоа беа 200 џоинти кои беа запалени во исто време, откри Буфон.
Иако има 40 години, легендарниот голман на Парма и Јувентус, сака уште една сезона да престојува на “Паркот на прицовите”.
- Јас имам идеја, но ако се сложи и ПСЖ, да останам уште една сезона во Париз. Можеби звучи чудно, затоа што имам 40 години, но мислам дека имам поголема желба и амбиција сега во споредба со периодот кога имав 20 години. Се надевам дека ќе бидам на нозе и после 10 години, додаде Буфон.