Дома КУЛТУРА Леди Гага по „Златен глобус“ со ѓердан од пет милиони долари

Леди Гага по „Златен глобус“ со ѓердан од пет милиони долари

46

На доделувањето на наградите „Златен глобус“ Леди Гага се појави со накит вреден повеќе од пет милиони долари. Таа освои една награда за филмот „Ѕвезда е родена“, но она што го привлече вниманието на присутните овој пат не беше толку нејзиниот фустан колку деталите.

Освен импресивниот фустан на „Валентино“ со коју продефилира по црвениот тепих, поп дивата се истакна токму по дијамантскиот ѓердан, што специјално за неа беше направен од „Тифани“.

Со повеќе од 300 дијаманти и од 20-каратен камен во средина, ѓерданот беше вистинска сензација, а својот изглед таа го надополни и со обетки од дијаманти и платина од 115.000 долари и со комплет дијамантски бразлетни.