Шведскиот ракометар Ким Екдал Ду Риц дефинитвон е “ тхе специал оне” во овој спорт. Дваесети деветгодишниот лев бек на шведската ракометна репрезентација уште еднаш покажа дека ракометот не е неговата најголема пасија во животото. Тој девет месеци беше на пауза од овој спорт, период кој го искористи за шетање низ светот, а потоа повторно одлучи да се врати во Рајн Некар Левен, тим во кој помина повеќе од пет години.
Но, по три месеци поминати во германскиот клуб, Швеѓанецот доби понуда од најбогатиот клуб во светот, францускиот ПСЖ која не можеше да ја одбие и на од минатата година е дел од тимот на „светците“ предводен од слекторото на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез.
-Задоволстово? Не сум сигурен дека е така. Играњето ракомет никогаш не ми претставуваше уживање. Ракометот никогаш не беше моја пасија и сите мои пријатели и колеги го знаат тоа. Но јас сум среќен на местото каде што сум сега. Но, морам да кажам дека многу играчи сакаат да напрат пауза од ракометот како што направив јас и да прошетаат во светот, но не можат да го направат тоа, изјави Ду Риц.