Новиот спортски директор на италијанскиот калчо гигант Милан, Леонардо, ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на кинескиот суперлигаш Далиан, Јаник Фереира Караско.
Крилниот напаѓач е само една година во Кина, но веќе потврди дека сака да се врати во Европа затоа што само така ќе биде во конкуренција за репрезентативниот дрес.
Освен побараното обештетување од 40 мил. евра, челниците на Милан имаат и сериозен проблем со годишната плата на Караско кој моментално заработува 10 мил. евра.