СДСМ: Лошото управување со здравството од страна на ВРМО-ДПМНЕ создаде недоверба кај граѓаните

54

Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која цела деценија ги уништуваше здравствениот систем, погрешно го менаџираше, ги понижуваше пациентите и лекарите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за чии интереси се набавуваа лекови и инсулини од паралелен увоз со сомнителен квалитет без сертификати во Македонија?

Лошото управување со здравството, неквалитетните инсулини и лекови во Македонија кои ги внесуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ се најсилни причини што граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. Падот на опфатот на имунизација се директна последица од тоа.

СДСМ веднаш штом ја презеде одговороноста да го води здравството го смени законот за лекови и медицински средства. Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Во Македонија повеќе нема неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа.

Уништувањето на здравството заврши со заминување на ВРМО-ДПМНЕ. Пропустите во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на наделжните здравстени институции.

Епидемијата на морбили што се појави е веќе под контрола, се делува конкретно но и превентивно. Резултатите се видливи, во моментов, нема новозаболени.

Граѓаните се навремено и точно информирани, само врз основа на факти и медицински докази.
Вакцините што сега увезуваат се најдобрите, произведени во Белгија и во нив нема причини за сомнеж.
Владата предводена од СДСМ гради современ, оджлив, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА