Бесплатен паркинг во Центар за божикните празници

77

По повод претстојните божикни празници, од ЈП Паркинзи на Општина Центар информираат дека на 6 и 7 јануари 2019 година сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Република Македонија.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8 јануари 2019 година со вообичаено работно време, се наведува во соопштението од ЈП ПОЦ.