Во РЕК Осломеј ќе се гради фотоволтаична централа

115

Кредит од 5,9 милиони евра доби компанијата ЕЛЕМ од Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) за изградба на фотонапонската централа во РЕК Осломеј. Договорот го потпишаа директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.
Директорот на ЕЛЕМ Миновски рече дека за изградба на фотоволтната централа ќе бидат потрошени 7 милиони евра.
– Вкупно 5,9 се пари кои се обезбедуваат со заемот од ЕБРД, остатокот го обезбедува од ЕЛЕМ. Електраната ќе вкупно ќе произведува 15 гигаватчасови доволни за годишна потрошувачка на 2.000 домаќинства. Ќе се гради на 15 хектари површина на локација на Осломеј, рече Миновски.
Тој додаде дека во работењето на фотоволтната електрана ќе бидат вклучени сегашните 1.000 вработени , но пред тоа тие ќе бидат едуцирани.
Хари Бојд Карпентер пак рече дека ова не е најголем договор што се потпишува со ЕЛЕМ.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека оваа инвестиција ќе значи дека земјата од производство на енергија која ја загадуваше околината преминува на чиста енергија.
– Ова претставува пример како еден објект што го заборавивме тоа е ТЕЦ Осломеј кој речиси и да не работеше изминатите години полека ќе го претвориме од загадувачки објект во производител на чиста енергија. Тоа се само првите 10 мегавати денеска, а таму ќе продолжи градењето со повеќе инсталирана снага до 30-40 мегавати како што е планирано во планот на ЕЛЕМ, рече Анѓушев.
Тој најави дека годинава ќе бидат распишани тендери за фотоволтаици и за ветерна централа.
Премиерот Заев пак рече дека ова инвестиција прва во оваа година е порака дека владата се посветува на економијата.
– Значајно е што државата го повлекува првиот чекор во она што следува од вкупно преку 200 мегавати инвестиции ќе се реализираат на неколку локации во земјата преку јавно-приватно партнерство или сопствени инвестиции, рече Заев.