Десетина полицајци заглавени во Танушевци поради снежни наноси

104

 

Десетина гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово..

Според неофицијални информаци храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достигал висина од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците веќе побарале помош да бида заменети од своите колеги.

Од МВР ја смируваат топката и велат дека поради наноси од снег  вчера не е извршена смена на полициските службеници во Танушевци, но се преземаат мерки тоа да биде направено во најскоро време.

 

Од таму демнатираат дека на полицајците им снемува храна.
“Полициските службеници имаат доволно храна и сме во постојана комуникација со нив”-велат од МВР.

Полицајците во караулата во Танушевци, поради лошите временски услови и тешкопроодниот терен каде што снежните наноси можат да бидат и по два до три метри дежураат по неколку дена.
Ова не им е прв пат да се соочуваат со вакви проблеми во зимските месеци. Поради тоа тие додека се на смена самоиницијативнио си обезбедуваат доволно храна и напитоци , како и огрев .

Овие гранични полицајци работат во мизерни услови. За тоа тие досега неколкупати се имаат обратено како до своите стрешни така и до Синдикат со барање да им се подобрат условите и да им биде зголемена платата, но засега никој не се зафатил со решавањето на овој проблем.