Бројот на жители во Кина, земјата со најголем број луѓе, првпат се намали во последните 70 години, оценуваат експертите и покрај напуштањето на политиката на едно дете.
Иако официјалните податоци ќе бидат познати до крајот на јануари, експерт Ји Фуксијан, истражувач кој работи на американскиот Универзитет во Висконсин „Медисон“, проценува дека во 2018 година бројот на жителите на Кина се намалил за 1,27 милиони.
Тоа не е многу во споредба со нивниот вкупен број од 1,39 милијарди, но се случува првпат во историјата на Народна Република Кина, основана во 1949 година.
По пронаталитетната политика на основачот на денешна Кина, Мао Це Тунг, во доцните 70-ти години земјата започна политика на едно дете, која честопати беше критикувана.
Сепак, поради стареење на населението, Пекинг во 2016 година им дозволи на сите семејства да имаат по две деца. Меѓутоа, поради трошоците за образование, здравствено осигурување и домување, многу двојки сè уште се одлучуваат само за едно или пак воопшто да немаат деца.
Како последица на тоа, според Ји, бројот на породувања лани се намалил за 2,5 милиони, иако во Пекинг во 2018 година беа предвидени 790.000 породувања, а на национално ниво 10,31 милиони.
Во исто време, бројот на смртни случаи е зголемен за 11,58 милиони, наведува Ји, кој во своите пресметки се потпира на локални статистички податоци.