Откриени студентите кои со мобилен ги снимале женските тоалети во Студентскиот дом „К.Ј. Питу“

86

Идентификувани се студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, информираат од Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје.

„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом.

Во меѓувреме, раководството на Домот работи и на поставување на видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите“, се вели во соопштението.

Како што претходно пишувавме фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР го фати моментот како од надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат на Домот некој го закачил својот мобилен телефон со цел да ги снима женските тоалети.