УЈП: Граѓаните кои не се регистрирале во електронскиот систем да го сторат тоа во најкус рок

69

Речиси 100 проценти од даночните обврзници што требаше да се регистрираат во електронскиот систем е-Персонален данок тоа го направиле во законскиот рок до 31 декември 2018 година, информираат од УЈП.

– Во системот Е-ПДД се регистрирани 656.000 граѓани што претставува речиси 100 отсто успешност на процесот на регистрација на електронскиот систем Е-ПДД,  со оглед дека од оваа обврска во наредните седум години сe ослободени граѓаните кои примаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија, истакнуваат од УЈП.

Од УЈП информираат дека даночните канцеларии како и електронскиот систем остануваат во функција за граѓаните кои од одредени причини досега не се регистрирале на системот Е-ПДД и истовремено ги повикува тоа да го сторат во најкраток можен рок или да ги контактираат на телефоните 0800 33 00 и 02/3253 200 доколку имаат потреба од помош.

Управата за јавни приходи ќе вложи максимални напори сите лица да ја добијат својата Годишна даночна пријава, којашто граѓаните преку електронскиот систем ќе можат да ја потврдат или да ја коригираат до 31 мај 2019.