-Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, соопшти германската амбасада во Скопје.
Како што информира, соопштението е испратено поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.
Инаку, утринава голем број македоснки портали објавија информација дека од годинава странските квалификувани работници кои не се од земјите на ЕУ во Германија можат да престојуваат без дозволи за престој и за работа шест месеци.