Во Париз: Приведен Ерик Друе, еден од неформалните лидери на Жолтите елеци

102

Еден од неформалните лидери на Движењето жолти елеци, Ерик Друе во средата вечерта е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави.

– Апсењето на Друе е целосно неоправдано и произволно, изјави адвокатката Кеопс Лара.

Таа додаде дека повторното апсење на нејзиниот клиент било по барање на префектурата без јавното обвинителство, кое според неа се покажало „дефинитивно послушно и прилагодливо“, бидејќи не се спротиставило на мерката притвор за Друе.

На 22 декември Друе беше уапсен за време на протестите во Париз поради „носење забрането оружје“ – стап, и за тоа ќе му се суди на 5 јуни.

Тој, исто така, предизвика контроверзи со повикот испратен преку БФМ ТВ да се влезе во Елисејската палата. Иако потоа се оградуваше од своите изјави.

Претседателката на Национален сојуз Марин Ле Пен и пратеникот на Бунтовна Франција, Ерик Кокерол го осудија апсењето на Друе посочувајќи дека се врши „систематското кршење на правата“ на противниците на Макрон и нивен „прогон“.