Туристите ќе плакаат по 10 евра за влез во Венеција

72

Ако сакаат да ја вида Венеција туристите ке мора да плаќаат за влез по 10 евра. Ваквата мерка ја донесоа и ја одобрија властите на Венеција.
Буџетот на Италија за оваа година содржи клаузула која на Венеција и дозволува ваква такса, која првенствено ќе се однесува на туристите кои доаѓаат со крузери во еднодневна посета. Ваква такса претходно беше воведена и за Липарските Острови на Сицилија.

Локалните жители со години се жалат дека масовниот туризам го расипува имиџот на градот. Стотици крузери и над милион туристи пристигнуваат во Венеција секоја година и градоначалникот Луиџи Бруњаро вели дека оваа такса ќе собере приходи за одржување на градот чист.

Таа би требало да изнесува меѓу 2,5 и пет евра, но во летните месеци ќе порасне на десет евра.