Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Алехандро Мурат го осуди убиството на градоначалникот на Тлаксиако, Алехандро Апарисио Сантјаго кое се случи веднаш по неговото стапување на должност.
Мурат вети дека ќе биде спроведена детална истрага за случајот, додавајќи дека веќе има еден уапсен. Во нападот биле повредени уште четири лица.
Според државното обвинителство, Сантјаго непосредно пред убиството положил заклетва на новата функција и заминал на седница во општината кога бил застрелан од непознат број напаѓачи. Новиот градоначалник починал в болницa