Најмалку шест луѓе загинаа во железничката несреќа на мост кој поврзува два дански острови, потврдија властите.
Мостот „Грејт белт“, што ги поврзува централните острови Зеланд и Фунен и што секој ден го поминуваат десетици илјади возила, беше затворен за сообраќај по несреќата што се случи во осум часот утрово. Властите не соопштија други детали за трагедијата.
Локалните медиуми јавија дека патничкиот воз што се движел кон Копенхаген бил погоден од предмети што летнале од товарен воз во моментите кога на мостот дувал силен ветер.