Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје новогодишната ноќ и првото јануарско утро го дочекаа работно. Секоја година, на 1 јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го собираат отпадот и го метат градскиот плоштад.
-За време на ноќната и утринската смена собраа и транспортираа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата „Македонија“ и Старата чаршија, информираа од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.