Зи-Зу ќе го избрка Вини и уште неколку ѕвезди на Реал (М)

4222
epa09984453 Former French international soccer player and Real Madrid head coach Zinedine Zidane watches the Formula One Grand Prix of Monaco at the Circuit de Monaco in Monte Carlo, Monaco, 29 May 2022. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA / POOL

Легендарниот Французин од Марсеј, Зинедин Зидан, веќе некое време нема клуб, а најдобрите тренерските години ги мина во Реал (М). Првиот тим на „Кралевите“ го водеше во два мандати, од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година.

Како играч ги воодушеви навивачите на Реал, а како тренер уште повеќе. Кога го замени Рафа Бенитез во јануари 2016 година, имаше многу скептицизам, но како тренер освои три ЛШ и си замина во мај 2018 година.

Се врати набргу потоа, освојувајќи ја втората титула во Ла Лига. Со Реал, покрај трите трофеи во Лигата на шампионите, две титули во Примера, освои и две титули на Светското клупско првенство, како и по два европски и шпански Суперкупа.

Сега кога Реал игра малку несигурно под водство на Карло Анчелоти, Французинот повторно се наметнува како старо-нов тренер на Реал, а тој би можел да се случи веќе во јануари или дури на лето.

Сепак тоа не би бил обичен кам-бек на Зидан, туку би донел вистинска револуција во соблекувалната. Неговото можно враќање веќе е дополнето со листа на важни промени. Се зборува за четири стратешки заминувања и три потписи на највисоко ниво за зајакнување на структурата на тимот.

Меѓу имињата кои би можеле да си заминат се издвојуваат Лукас Васкез и Дани Себаљос. Се зборува дека Зидан е на мислење дека и двајцата не се доволно квалитетни за Реал и дека треба да се бараат други опции.

Една од жртвите би бил и Аурелиен Чуамени, а заминувањето на Винисиус Јуниор би предизвикало најмногу контроверзии. И покрај тоа што е еден од најдобрите во светот, Зидан не го гледа Бразилецот во неговата тактичка реконструкција, па Мбапе би добил главна улога во тимот и неговата природна позиција лево.

За да ги пополни испразнетите места и да го подигне нивото, Зи-Зу на ум имал три клучни засилувања. Алфонсо Дејвис од Баерн (М) би бил фундаментален дел за левата бековска позиција. Договорот на Дејвис истекува на крајот од актуелната сезона, што го олеснува неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“.

Меѓу приоритетите е и Џошуа Кимих, уште еден талент на Баерн (М). Неговото искуство, сестраност и способност да го води средниот ред го прави идеална опција. Третото име би бил Флоријан Вирц, кој игра на повеќе позиции како во средниот ред така и во нападот.

Вирц неодамна се согласи на нов договор со Баер Леверкузен, па Реал би морал да плати дебело доколку планира да го доведе на лето. Германските медиуми се убедени дека раководнитре лица на двата клуба ќе седнат на преговарачката маса само доколку првата официјална понуда за обештетувањето на Вирц не биде помала од 100 мил. евра.

Зидан често е во контакт со клупскиот претседател Флорентино Перез и тие наводно веќе разговарале, па Французинот тие идеи му ги преставил на претседателот.

Перез смета дека одредени потези би биле остварливи, но дека некои одлуки би било навистина тешко да се донесат, како што е продажбата на Винисиус Јуниор, но доколку реши повторно да му верува на Французинот, тој е подготвен да ги исполни сите негови барања и целосно да го препушти управување со тимот.

Евентуалното заминување на Винисиус, кој ослободителна клаузула од милијада евра и за кој еден клуб од Саудиска Арабија понуди 250 мил. евра, би бил најконтроверзниот потег, но би отворил и нови тактички можности. Со Зидан на чело, Реал (М) ќе понуди нешто ново но во исто време треба да ја одржи својата конкурентност на врвот на европскиот фудбал.

Доколку се остварат плановите, Реал (М) би можел да започне нова ера на успеси под водство на тренер кој како никој друг ги знае вредностите и барањата на клубот.

ИЗДВОЕНИ