Мојот син не сакаше да стане поголем од Меси и затоа замина

218
epa10192618 Paris Saint Germain's Leo Messi in action during the French Ligue 1 soccer match between Olympique Lyonnais and Paris Saint-Germain (PSG) in Decines, near Lyon, France, 18 September 2022. EPA-EFE/Mohammed Badra

Во летото 2017 година Неимар ги напушти редовите на Барселона и потпиша за ПСЖ во трансфер кој се уште е најголем на сите времиња. Парискиот клуб му плати на каталонскиот гигант 222 милиони евра за да го доведе бразилскиот репрезентативец, а многумина тогаш се прашуваа зошто тој сака да ја напушти Барса. Најпосле, одговор на ова прашање даде неговиот татко кој беше гостин во еден подкаст.

Тие денови се зборуваше дека Неимар сака да излезе од сенката на Лионел Меси, свесен дека никогаш нема да биде првата ѕвезда на клубот во кој е аргентинскиот гениј. Се пишуваше и дека сметал дека полесно ќе дојде до „Златната топка“ која до ден денес ја нема освоено. Неимар Сениор. тврди дека заминувањето на неговиот син не било финансиски мотивирано, туку дека тој ја напуштил Барселона за да избегне да биде тој кој ќе го наследи Меси.

„Одлуката да замине беше негова, тој сакаше да замине во ПСЖ. Бевме во тешка ситуација во Барселона, не знаевме што размислува клупското раководство. Се чинеше дека клубот сака тој да го заземе местото на Меси, а тој не го сакаше тоа.  Тој реши да си замине. Јас сакав да остане до последен ден, но тој сакаше да го напушти клубот за да не ја преземе функцијата на Меси и да стане најголемата ѕвезда на клубот“, изјави таткото на Неимар.

Бразилецот играше за Барселона од 2013 до 2017 година. Со 105 гола и 76 асистенции во 186 натпревари, тој му помогна на клубот да освои една Лига на шампиони, две Ла Лига и вкупно осум трофеи.

По релативно успешниот период во дресот на ПСЖ, ги освои сите домашни трофеии, но не и Лигата на шампиони, Неимар од минатата година е член на богатиот клуб од Саудиска Арабија,  Ал Хилал.

 

 

ИЗДВОЕНИ