Ни главоболка, ни гадење: Сендвич против мамурлук – докторка создала моќен оброк кој крева од „мртвите“

143

Новогодишните празници, Божик, славите, често се повод за неумерено уживање во храната, но и во алкохолот. Неретко за овие денови се случува тежок мамурлак да ни го украде драгоценото време.

Секој има свој „лек“ за оваа мака – од кафе и сува храна, до тактиката „да се избие клин со клин“, но една научничка тврди дека сега го има вистинското решение.

Докторката Зои Вилијамс, во соработка со британската пекара „Варбуртонс“, го создала „крајниот рецепт кој го обновува телото со сите потребни хранливи материи изгубени во текот на ноќта во која се пиело“.

Во видеото кое го објави на Инстаграм, таа објаснува дека алкохолот го дехидрира телото и го намалува нивото на шеќер во крвта, поради што храната може да му помогне на телото да се опорави.

„Сезоната на божиќните забави е во полн ек и мојот совет е да пиете разумно. Меѓутоа, ако претерате, ова е мојот сендвич за мамурлак“, рече таа.

Нема добар сендвич без леб, а д-р Вилијамс препорачува да се одлучите за полубел за да добиете повеќе влакна. Друга задолжителна состојка е сланината, која содржи „соли и протеини, клучни за ослободување од замагленото чувство на мамурлак“.

Најдобар намаз во овој случај е пасираното авокадо, кое обезбедува витамини, минерали и свежи масти кои ја зголемуваат енергијата.

Идеалниот појадок не може да биде целосен без јајца, кои, без разлика на начинот на кој ги подготвувате, се добар извор на витамин Б12.

Д-р Вилијамс препорачува и послужување на сендвичот со голема чаша вода и шолја чај, за хидратација и антиоксиданси.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ