Дуа Липа се сврши на Божиќ/ФОТО

116

Дуа Липа и Калум Тарнер се во врска повеќе од една година, а од Божик веќе не се само момче и девојка, туку свршени.

Пејачката Дуа Липа овие денови не го славела само Божик, туку имала и поголема причина за славење – ја запроси момчето Калум Тарнер.

Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер шест месеци криеле дека се заедно, а во врска се нешто повеќе од една година. Свршувачката ќе ја прослават со семејствата и пријателите на Нова година, па така ќе имаат двојна прослава.

Извори блиски до парот изјавија дека Липа и Тарнер се „многу заљубени“ и дека сите нивни пријатели се среќни што актерот ја запросил пејачката.

Printscreen

„Дуа и Калум се многу заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова е шлаг на тортата. Калум е силен поддржувач на Дуа и тие се прекрасен пар. Нивните семејства и пријатели се многу среќни за сите нив“, рече изворот, според „Дејли мејл“.

Липа сподели неколку фотографии на кои покажа како ги поминала празниците, а многумина забележаа голем дијамантски прстен на една од нив.

„Во однос на врските, морав да стигнам до ова место за да го најдам она што навистина ми треба. Мора да простувате, растете и учите и да се помирите со минатото за да продолжите понатаму. Мислам дека со секоја врска, со секое искуство , учиш за себе, учиш за работите кои се болни за тебе, што очекуваш, што треба да бидеш спремен да попуштиш. Сметам дека секогаш се враќаме на таа размена на ранливост. Не бев доволно добра или ја изгубив самодовербата и морав повторно да ја пронајдам, мислам дека тоа е многу важна работа.“

Откако јавно објавија дека се заедно, не кријат колку се заљубени. Пејачката често споделува нивни фотографии на социјалните мрежи, а редовно присуствуваат на различни настани заедно.