Без промени – „женски Џејмс Бонд“ останува само идеја!

17
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Продуцентката на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, наводно ги информирала директорите на Амазон дека нивните планови за спиноф ТВ серија – во која агентот 007 всушност ќе биде агентката 007 – нема да добијат нејзино одобрение.

Броколи е единствениот сопственик на сите права на Џејмс Бонд – вклучувајќи ги и спинофовите – откако ги наследи од нејзиниот покоен татко, Алберт, пренесува Far Out Magazine.

Додека Броколи ги поседува правата за одобрување на франшизата, Amazon ги обезбеди правата за производство и дистрибуција откако ги купи од студиото Metro-Goldwyn-Mayer за 8,5 милијарди долари, објави Wall Street Journal (WSJ).

Извори на WSJ тврдат дека плановите на Амазон за франшизата вклучуваат ТВ спиноф серија предводена од жени, во госпоѓицата Манипени, секретарката на шефот на МИ6, М, е главна јунакиња.

Но, Броколи јасно го кажа својот став, потврдувајќи им на студијата дека не сака ништо да има врска со тој креативен правец.

„Овие луѓе се идиоти“, наводно рекла таа за директорите на Амазон.

Според изворите, Броколи сега се заканува дека ќе го држи секој иден филм како „заложник“. Списанието објави дека иако Броколи е јасно против идејата за женска верзија на Бонд, таа била поотворена за улогата да ја преземе геј или не-бел актер.

Меѓутоа, во рамките на тие параметри, таа постави јасна рамка дека Бонд мора да остане маж и Британец.

„Мислам дека следниот Џејмс Бонд ќе биде маж, бидејќи мислам дека жена не треба да го игра Џејмс Бонд. Верувам во создавање ликови специјално напишани за жени, а не во тоа што жените само преземаат машки ликови“, рекла Броколи за Холивуд Репортер уште во 2021 година.