Утре со почеток од 12:30 часот ќе има протестен марш ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ. Според информациите, маршот започнува од Министерство за животна средина и просторно планирање, па продолжува преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје.
Организаторите велат дека шротестираат повторно откако надлежните институции не нашле за сходно да одговорат на барањата на граѓаните за чист воздух изразени на протестот што се одржа на 10 декември.
„Протестираме бидејќи секоја година повеќе од 3800 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух.
Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето“, велат од Шанса за Центар.