Ќе се организира пречек на Нова година на шеталиштето „Ванчо Прќе“

21

Општина Штип на 31 декември првпат ќе организира пречек на Новата година на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Ова го најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој посочи дека забавата почнува по 21 часот, со познати музички имиња и бендови од Штип.

-Ќе имаме богата музичка програма, со можност за служење на пијалаци, јадења, за оние коишто ќе бидат присутни на шеталиштето „Ванчо Прќе“ – изјави Јорданов.

Во име на Општината, тој ги повикува сите сограѓани да се приклучат на забавата.

Јорданов истакна дека програмата за пречекот на Нова година ќе биде објавена во текот на наредните денови за да се информираат граѓаните на Штип, но и граѓаните од соседните општини и градови.

Во Штип продолжува и „Божиќниот маркет“, секоја вечер, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ со настапи на познати музички имиња и бендови од Штип и земјата.