Предупредување од Русија за гласините за патничкиот авион во Казахстан: Да не се промовираат „хипотези“

497
EPA-EFE/KAZAKHSTAN EMERGENCIES

Руската влада предупреди да не се промовираат „хипотези“ за причината за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс во кој во средата загинаа 38 лица во Казахстан.

Тие се огласија откако се појавија наводи дека авионот бил гаѓан, бидејќи на интернет се појавија слики од трупот на авионот на кои се гледа штета слична на шрапнел.

Пред да се урне во близина на казахстанскиот град Актау, авионот беше пренасочен преку Каспиското Море од неговата дестинација во Чеченија во западен Казахстан. Речиси половина, поточно 29 лица од вкупно 67 ја преживеале авионската несреќа. Во четвртокот во Азербејџан е прогласен Ден на жалост.

„Ова е голема трагедија која стана голема тага за азербејџанскиот народ“, рече во четвртокот претседателот Илхам Алиев.

„Би било погрешно да се изнесат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме да заврши истрагата“, изјави во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Би-Би-Си.