Хамас: Новите услови од Израел го одлагаат договорот за прекин на огнот

77

Групата Хамас во соопштението рече дека покажува флексибилност и дека преговорите за прекин на огнот, со посредство на Катар и Египет, сѐ уште се движат во сериозна насока. Сепак, во соопштението се истакнува дека Израел поставил нови услови во врска со повлекувањето од Појасот Газа, прекин на огнот, затвореници и враќање на раселените Палестинци, што доведе до одложување на постигнувањето договор.

Според израелските и палестинските официјални лица во понеделникот, разликите меѓу Израел и Хамас околу евентуалниот прекин на огнот во Газа се намалени, иако клучните прашања сè уште не се решени.

Новите напори на посредниците од Египет, Катар и САД за ставање крај на конфликтот и ослободување на израелските и странските заложници добија замав овој месец, иако досега не е забележан напредок.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека е постигнат напредок во заложничките преговори со Хамас во Газа, но дека не знае колку време ќе биде потребно за да се видат резултати.

За време на говорот во израелскиот Кнесет, Нетанјаху рече дека Израел постигнал „големи успеси“ на неколку воени фронтови и дека воениот притисок врз Хамас ги принудил неговите лидери да ги ублажат нивните претходни барања.