Добро, јасно ни е на сите дека се сакате, дека ви вријат хормоните, дека сте желни… што е природно во тие ваши години, ама не морате вака јавно пред сите. Затоа си имате спална соба или, подобро кажано, хотелска, удобна, раскошна, си имате француски кревет, па таму….
Вељко, многу ја разбесни својата мајка, мегапопуларната пејачка Цеца Ражнатовиќ, со фотографијата која ја објави вчера на „Инстаграм“ и на која е во една многу незгодна поза со сопругата Богдана. Мислиш, познатиот боксер Вељко ја сменил професијата, па сега е новонадежен порноглумец. Меѓутоа, не е, туку многу се сакал со сопругата во базен со топла вода. И тоа каде ако не на обожаваниот Копаоник. Вљубениот Вељко силно ја прегрнал сопругата со затворени очи, и тоа одзади, па си направил селфи. А, како само успеал во тоа истовремено, прашуваат многубројните негови следачи на социјалните мрежи.
Сепак, снегот и зимата на оваа планина не му можат ништо на Вељко. Тој пука од здравје. Во еден момент, излегол од водата, нели во гаќички за капење, а потоа се стркалал во снегот и повторно се вратил во топлиот базен. Директно во прегратките на својата женичка. Толку желна да го почувствува сопругот боксер! Ех, кога оваа нивната (заедничка) фотографија би можела да зборува! Д.М.