Во информацијата за МИА, Таневски потенцира дека приоритет во неговата работа за ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања Јасеново ќе биде вработување на нов лекарски и друг медицински кадар. Моментално во болницата има само тројца лекари и еден специјализант.
– Мојата заложба ќе бидат нови вработувања и набавка на нова најсовремена опрема за болницата за лекување на болните од белодробни заболувања и туберколоза,односно замена на веќе постоечаката дотраена апаратура, најави Таневски.
Освен од Велес и Велешко во болницата Јасеново, амбулантно и болнички се лекуваат и пациенти од други градови од цела Македонија.
Две третини од пациентите се’ со белодробни заболувања, а една третина со срцеви. Дијагноза на болеста во специјализираните амбуланти пациентите добиваат за само два – три часа, наместо во другите медицински центри каде чекаат по два – три дена.
На локацијата кај Болницата имате кислород колку што ви е потребно, затоа според стручњаците, но и пациентите, со право го носи епитетот воздушна бања.
Поради нејзината добра местоположба на падините на Јасеновска Планина на 400 метри надморска височина, болницата во Јасеново е позната како македонски Шварцвалд.