Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Њукасл откри дека бразилскиот интернационалец, Бруно Гимараеш, сериозно размислува за промена на клупската средина за време на зимскиот преоден рок. Истиот извор додава дека играчот за врска сака да игра за клуб кој редовно се напреварува во Лигата на шампиони и дека му се допаѓа фактот што најголем интерес за неговите услуги покажува актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.