Во Србија силно вее снег, како што соопшти РХМЗ, а поради снегот голем број патишта се непроодни.
Невремето проследено со дожд и обилен снег предизвика неколку сообраќајни несреќи низ Србија, а на правецот Рума-Зарковци, неколку возила излетале од патот поради лизгав коловоз, објави Нова.рс. Сообраќајот на многу делови е во застој, а Републичката хидрометеоролошка служба на Србија објави ново соопштение за катастрофите во вечерните часови.
Според социјалните медиуми, неколку возила излетале од патот Рума-Зарковци поради лизгав терен. Набргу потоа, возилата биле извлекувани.
Слична ситуација и во некои други градови во Србија, луѓето со возилата чекаат во редови поради интензивните врнежи.
Ова попладне, по дождот и снегот почнал да паѓа во Белград, кој, ги изненадил зимските служби, предизвикувајќи вистински колапс, па во некои делови на градот сообраќајот бил прилично забавен.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Usled popodnevnog špica i snega koji pada u Beogradu na više mesta saobraćaj se odvija usporeno. pic.twitter.com/MMWkYkXaBD
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 23, 2024