На речиси сите планински превои во западниот дел од Македонија има забрана за тешки товарни возила.
На превојот Стража, еден од најкритичните патишта за сообраќај, два камиона се заглавија во снегот и го блокираа сообраќајот, што доведе до значителен застој.
Поради сообраќајна незгода, во прекин е и сообраќајот на патот Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково. Порталот Плусинфо јави дека на патот Маврово-Дебар се превртел автомобил, откако возилото се излизгало поради мразот на патот, но среќа нема повредени лица.
Силни врнежи на снег има и на автопатот Скопје – Гостивар, а отежнато е и движењето на Плетвар. Од попладнево забрана за тешки товарни возила е воведена и на патот Прилеп-Македонски брод.
Од МВР велат дека полицијата и надлежните институции постојано работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на граѓаните и повторно апелираат до сите возачи да бидат внимателни, да возат споро и да се придржуваат до сообраќајните правила.