Викендов пристигна зимата и календарски, а како и што се најавуваше временската прогтноза се поклопува со неа. Последната недела од оваа година носи вистинско зимско време, мраз и снег.
Во некои делови на Србија пред два дена почна да паѓа снег, главно во ридско-планинските предели. Делови од западна Србија се целосно покриени со снег, а најмногу снег падна во селата околу Ивањица. РХМЗ постојано издава предупредувања и најави дека обилни врнежи од снег ќе има од денеска до 25 декември.
Метеоролозите најавија дека снегот прво ќе почне да паѓа на северот од земјата, а потоа ќе се прошири и на сите останати делови.
Снежните врнежи од синоќа предизвикуваат огромни проблеми и низ БиХ и Хрватска. Во наредните денови се очекува најмногу снег да падне во централна Босна и до половина метар, а во пониските места и до 30 сантиметри. Освен планините, снег ги зафати и пониските предели на Босна и северна Херцеговина. Снег на овие места ќе паѓа до четврток, а може да наврне и до половина метар.
Најкритична е состојбата на планинските превои, но во снег се и патиштата и магистралните патишта.
Снег врне во поголем дел од земјата, додека само крајниот југ на Херцеговина ќе помине со врнежи од дожд. Метеоролозите најавуваат дека до четврток во поголем дел од земјава очекуваат големи количества снег, какви што одамна не сме виделе.
Ништо подобра не е состојбата ниту во Хрватска каде од утрово снег се бележи на автопатиштата. Состојбата на автопатите А1 и А6 е драматична, а ХАК соопшти дека коловозот се чисти и посипува, додека возењето е бавно на некои патни правци поради зимските служби кои се движат побавно.