Кулминација на опсесијата со кафе и чоколадо: Најдоброто еспресино се ужива само во Рим и Торино

112
Фото:принтскрин

Ако сте љубител на кафе, тогаш можеби неодамна сте слушнале за се попопуларното еспресо – кафе со чоколадо кое се пие низ цела Италија, а најдобро е во Рим, Торино и на самиот југ на оваа земја.

Во Апулија, град на петата на Италија, еден од омилените пијалаци е еспресото, родено од опсесијата со фантастичната комбинација на чоколадо и кафе.

И дома можете лесно да направите еспресино – така што ќе ставите какао на дното од шолјата, потоа ќе налеете еспресо, ќе додадете пена од топла млеко и ќе завршите со какао. Во многу италијански кафулиња наместо какао се додава една лажица крем „нутела“.

Еден од роднините на еспресиното е мароциното – пијалак за кој се користат истите состојки, но во еспресиното какаото оди во шолјата пред еспресото. Мароциното, кое е особено популарно во текот на зимата, може да се најде во Рим, исто како моначелото (мала калуѓерка), која комбинира еспресо, какао и шлаг.

Кога подготвувате еспресино, најважно е да имате добро кафе, како и машина која прави добро еспресо. Важно е и млекото – треба да биде пенесто, но не премногу.

Кафето бицерин е популарен во Торино, пијалак кој комбинира кафе, чоколадо и млечна пена или шлаг во три неодоливи слоеви.