Д-р Митевски и д-р. Станковски за весникот ВЕЧЕР: Во болницата во Магдебург помагаа и колеги кои не беа на должност

702

Меѓу медицинскиот тим биле и двајца лекари од Македонија, д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски, кои работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, меѓу многубројниот медицински персонал кој им излегол во пресрет на многубројните повредени во нападот на Божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.

д-р Владимир Митевски, кој во моментот на несреќата бил дежурен на одделот за интензивна кардиолошка нега во болницата во Магдебург во изјава за весникот ВЕЧЕР истакна дека сите во Магдебург, и особено меѓу медиционскиот персонал, се длабоко потресени од нападот.

-Сите ние сè уште сме длабоко потресени од терористичкиот напад на Божиќниот пазар во центарот на Магдебург. Во моментот на несреќата, Д-р Митевски беше дежурен на одделението за интензивна кардиолошка нега. Јас, заедно со неколку колеги се наоѓав на друг Божиќен пазар, оддалечен околу 500 метри од местото на нападот. Во Германија постои ефикасен систем за алармирање на сите лекари за итна медицинска помош во случаи на вакви трагедии и природни катастрофи. Информацијата за нападот брзо се прошири меѓу медицинскиот персонал во Магдебург.

Д-р Станковски изјави дека како лекар на повик за интензивна интернистичка медицина, веднаш се упатил кон болницата каде што работи, Klinikum Magdeburg gGmbH, каде што веднаш бил формиран кризен штаб составен од раководните лица.

-На терен пристигнаа многу колеги кои не беа на должност, вклучувајќи доктори од различни специјалности, медицински сестри, помошен персонал и други. Организацијата и солидарноста беа на највисоко ниво. Нашата болница прими 11 пациенти со тешки повреди и 67 со полесни повреди. Искрено се надеваме дека вакви трагични ситуации никогаш нема да се повторат, изјави за весникот ВЕЧЕР д-р Златко Станковски.

Двајцата македонски лекари изразија голема почит и благодарност до сите жители на Магдебург за нивната исклучителна хуманост и несебична поддршка во овие тешки моменти.