Гватемала: Над 150 деца извлечени од ултраортодоксна еврејска секта осомниченa за злоупотреба на малолетници

87

Властите во Гватемала во петокот спасија 160 деца од комплексот на сектата Лев Тахор, ултраортодоксна еврејска група осомничена за сексуално злоставување малолетници.

Спасени се 160 малолетници кои наводно биле жртви на злоупотреба од страна на членовите на сектата Лев Тахор“, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Франциско Хименез и јавниот обвинител.

Тие беа пронајдени по претрес на имотот лоциран во општината Ораторио, на околу 60 километри југозападно од главниот град Гватемала Сити, каде што се населиле во 2016 година.

Претресот беше мотивиран од сомневање за трговија со луѓе „во форма на присилна бременост, злоупотреба на деца и силување“, рече обвинителот Димас Хименез на прес-конференција.

Претресите довеле до откривање на коски на мртви деца, додаваат од обвинителството. Операцијата беше поддржана од Одделот за домашна безбедност на САД (DHS).

Сектата Лев Тахор – што значи „чисто срце“ на хебрејски – е формирана во 1980-тите и практикува ултраортодоксна форма на јудаизам, каде жените носат црни туники кои ги покриваат од глава до пети.

Групата се насели во Ораторио во 2016 година, откако полицијата и обвинителството упаднаа во неколку нејзини згради во Гватемала, земја во која пристигнаа во 2013 година. Властите тогаш соопштија дека постапуваат по барање на Израел, чија полиција трага по исчезнатиот малолетник.

Властите проценуваат дека групата се состои од 50 семејства, главно од Гватемала, САД и Канада.