Сè е подготвено за спектаклот од 150 милиони фунти – Усик и Фјури вечерва во рингот!

407
EPA-EFE/ALI HAIDER

Спектаклот кој со нетрпение го чекавме се случува вечерва. Имено, двајца од најдобрите боксери на денешницата, Александар Усик и Тајсон Фјури, вечерва ќе се борат за титулата светски шампион во тешка категорија.

Седум месеци откако Усик го победи Фјури во историска борба за обединување на сите појаси во тешка категорија, љубителите на боксот ширум светот повторно ќе имаат можност да го проследат судирот на овие големи тешкаши.

Сега во игра се титулите WBA, WBC, WBO кои моментално се во сопственост на непоразениот Украинец.

Нивниот прв натпревар, кој заврши со тесна поделена одлука на судиите, беше навистина спектакуларен, па не чуди што овојпат интересот на јавноста е уште поголем.

Во мај и двајцата поделија 120 милиони фунти. Британецот заработи 85 милиони, а Украинецот 35 милиони.

Овој пат, двајцата ќе поделат неверојатни 150 милиони фунти, а Усук ќе добие 60 отсто од таа сума.

„Имам намера да донесам многу болка. Дефинитивно ќе го ставам во болнички кревет. Тоа е се што имам да кажам. Разговорите завршија. Знаете, во првата борба зборував, се шегував, како во текот на мојата кариера. Овој пат сум сериозен“, рече Тајсон Фјури.

Усик испрати кратка порака до противникот.

„Сега имаме само говори, камери, светла и шоу. Се ќе се случи во сабота навечер. Не плаши се, нема да те оставам сам“,

Натпреварот е закажан за 22 часот на „Кингдом арената“ во Ријад.