Производителот на iPhone планира да доминира во автомобилската индустрија

66

Тајванската компанија Foxconn, најпозната по тоа што со години го произведува смартфонот iPhone за американскиот Apple, има намера длабоко да навлезе во автомобилската индустрија и во иднина да заземе дури 40 отсто од пазарот на електрични автомобили. Како што пишуваат јапонските медиуми, тие потајно се обиделе да го направат првиот голем чекор кон таа цел со преземање на производителот на автомобили Нисан.

Јапонските медиуми со денови пишуваат за планот за спојување на „Нисан“ и „Хонда“ во една компанија и се обидуваат да најдат одговор на прашањето зошто нешто што требало да биде обичен сојуз насочен кон стекнување бенефиции во одредени области, се претвори во приказна за финансиско и организациско поврзување.

Foxconn, најпознат во светот по своите мега-објекти за производство на паметни телефони во својата татковина Кина, каде што вработуваше половина милион работници и работеше за потребите на брендовите како Apple, е гигант полн со готовина, кој бара начин да го префрли својот огромен капитал во други профитабилни гранки на стопанството.

Јапонските медиуми пишуваат дека „Foxcon“, кој е производител на iPhone и чие официјално име е „Honhai Precision Industry“, во последните месеци дискретно бара начин да се стекне со поголем број акции на Nissan.

Имено, тајванската компанија, која произведува и компјутери, конзоли за видео игри и електрични апарати за домаќинство, во 2019 година објави дека има намера да влезе во бизнисот со производство на електрични автомобили, а иако пандемијата „Ковид-19“ донекаде го попречи, таа веќе успеа да конструира неколку ЕВ модели.

Јапонските медиуми пишуваат дека „Foxcon“, кој е производител на iPhone и чие официјално име е „Honhai Precision Industry“, во последните месеци дискретно (читај „тајно“) бара начин да се стекне со поголем број акции на Nissan.

Имено, тајванската компанија, која произведува и компјутери, конзоли за видео игри и електрични апарати за домаќинство, во 2019 година објави дека има намера да влезе во бизнисот со производство на електрични автомобили, а иако пандемијата „Ковид-19“ донекаде го попречи, таа веќе успеа да конструира неколку ЕВ модели.

Во меѓувреме, додека не развие сопствено производство или не стекне сопственост на фабрики за автомобили, „Фокскон“ се обиде да склучи договори и со тројца јапонски производители, кои според договорот ќе произведуваат електрични автомобили под неговиот бренд.

Еден од прототипите на електрични автомобили што неодамна ги претстави „Фокскон“ е направен во соработка со инженерите на „Шарп“ е комбе, кое кога ќе се наполни со струја, односно ако стои во место, наутро може да се претвори во просторија и да се користи за работа на компјутер за гледање телевизија на голем екран и слично.

ИЗДВОЕНИ