Откако ја испробала секоја можна диета, германска лекарка успеала да симне неверојатни 25 килограми само на еден начин

103

Д-р Бетси Гранч, неврохирург, цел живот има прекумерна тежина. Сакајќи да води многу поздрав живот, таа пробала повеќе различни диети – од оние кои се рекламирале до оние кои самата ги истражувала. Ниту една од нив не ѝ ги дала посакуваните резултати, но кога ги споила двете диети се случила трансформација. Лекарката изгубила неверојатни 25 килограми.

Таа го сподели своето искуство за да им помогне на сите оние кои сакаат да направат промена.

Најпрво јадела храна богата со протеини, а потоа се посветила на периодично постење – диета на која се колнат познатите личности. Вклучува периоди во кои ви е дозволено да јадете што сакате, но и оние во кои пиете само вода, незасладено црно кафе или чај, пренесува mondo.rs.

„Еден од најголемите виновници за дегенеративните промени на ‘рбетот е телесната тежина. Ми недостигаше нутриционистичка едукација и тоа се покажа на мојата фигура“, изјави лекарката која поради килограмите имала големи проблеми со грбот.

Таа откри дека 2018 година била пресвртница во нејзиниот живот. Решила да ослабе, успеала и ја одржува тежината повеќе од четири години.

Бројни истражувања покажуваат дека наизменичното постење не делува за секого, но може да има здравствени придобивки. Тоа им помага на луѓето да постигнат специфичен калориски дефицит што е неопходен за губење на тежината.

На почетокот, лекарката била на диета која има висока содржина на протеини.

Протеините се корисни за слабеење бидејќи обезбедуваат чувство на ситост на подолг временски период. Таа јадела цели зрна и малку јаглехидрати.

Потоа броела калории. Секогаш се трудеше да биде во калориски дефицит. Тешко и било од три оброци дневно да оди на два, но тој проблем го решила со пиење повеќе вода.

По симнувањето на 25 килограми, д-р Грунч имал операција за отстранување на вишокот кожа.

Таа објасни дека верува дека начинот на размислување е клучен во процесот на слабеење. Нејзината цел била да успее без лекови или апчиња кои се рекламираат како диета и успеала – бројката од 102 килограми на вагата е минато.